Ема Ананиевска, лице со попреченост реагира на преземен текст во кој била погрешно цитирана. Ананиевска во интервју за телевизијата „Телма“ меѓу другото кажува дека гласовните сигнали во автобусите на ЈСП не се синхронизирани и и се има случено истите тие на станица кај „Капитол“ да и кажат дека следна станица е „Рекорд“.

Никаде не кажувам дека луѓе ме излажале, како што алудира насловот на порталот „Балкан.мк“. Порталот објавил реченица која јас никогаш не сум ја кажале. За тој портал јас никогаш не сум дала официјална изјава. Од почит према сите Вас кои ја споделивте оваа статија со најдобра намера, морав вака јавно да ја демантирам оваа лажна вест, напиша на фејсбук Ананиевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.