Големиот македонски празник Св. Трифун и јубилеј од 10 години од постоењето, винаријата Стоби прослави во присуство на своите пријатели од бизнис, политичкиот, дипломатскиот и јавниот живот. Сите заедно го закроија лозјето и наздравија од срце.
Изминататите години винарија Стоби зема учество на сите реномирани саеми и освои награди и признанија на светски натпревари. Само лани, Стоби освои највисоки признанија на престижните интернационални натпревари Мундус вини во Германија и Вино Љубљана во Словенија. Вината на Стоби добија високи препораки од реномираните светски вински критичари во рецензиите објавени во Вашинготн пост и во винскиот магазин Wine Advocate.
Ние како винарија постојано ги следиме светските трендови, ги задоволуваме вкусовите на сите потрошувачи. Со тоа сме конкурентни и на светскот пазар со широка палета на производи на вина. Континурино вложуваме во иновации со цел да произведеме вина кои се премиум, класик, елитни или традиционални кои ќе ги задоволи сите вкусови и сетила на секој потрошувач. Винарија Стоби е фамилијарен бизнис благодарение на мојот татко Минчо Јорданов“ додава Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.
Стоби е модерно конципирана македонска винарница во Градско со свој ресторан, која годишно произведува 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кои 70% се извезува на пазарите во други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.