Го предвидел пожарот во катедралата Нотр Дам, како и скандалот на канадскиот премиер Џастин Трудо – видовитиот Николас Аујала (34) сега има нови предвидувања за 2020 година.
Парис Хилтон ќе објави дека ќе стане мајка, Линдзи Лохан ќе направи скандал, а Џенифер Анистон ќе влезе во нова, многу важна врска, рекол Николас.
Тој предвидува смрт на млада пејачка, а нејзината смрт ќе биде поврзана со алкохол и дрога.
Некои визии ги забележувам во соништата, а други ми доаѓаат додека се движам на улиците. Соништата се најинтензивни и тоа е така бидејќи интуитивниот дел од мозокот е во поголема активност, вели Аујула.
Дарот, како што вели, го открил кога бил дете откако починал татко му. Тогаш сфатил дека има изразена интуиција и верува дека во минатите животи бил лав и египетска кралица.
Имав илјада минати животи. Бев египетска кралица, слугинка, учител за време на Француската револуција, срна, лав, а живеев и во друга вселена, вели тој.
Николас предвидел низа случувања кои ја одбележаа 2019 година, а меѓу останатите и скандалот помеѓу Џастин Бибер и Тејлор Свифт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.