Американската бизнисменка Џенифер Аркјури, која се најде во центар на вниманието на јавноста поради односот со британскиот премиер Борис Џонсон, рекла дека британскиот премиер ја отфрлил како да е гремлин.
Арјкури во интервју за телевизијата ИТВ рекла дека Џонсон ја игнорирал кога се обидувала да разговара со него за тоа како да се носи со пишувањата на медиумите дека имала специјален третман поради нејзиниот однос со Џнсон, во време кога тој бил градоначалник на Лондон, но одбила да каже дали тоа пријателство било од интимна природа, пренесува АП.
Ги чував твоите тајни, бев твој пријател…И целосно сум скршена поради начинот на кој ме отфрли како да сум некој гремлин – рекла Аркјури.
Џонсон порано кажал дека немало ништо непримерно во неговиот однос со Аркјури во време кога бил градоначалник на Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.