Медиумите на германски јазик известуваат за „густ, отровен воздух“ на Балканот, за зимски смог кој предизвикува смрт на повеќе илјади луѓе годишно.
Валканите испарувања од греењето, автомобилите и електраните се мешаат со ладната влажна магла, пишува Тагесшау, порталот на јавниот сервис АРД, додавајќи дека во петокот поради тоа беа одржани протести во Белград.
Страшна смрдеа и густ чад
Проблеми со загадениот воздух во зима имаат и други големи градови на Балкан, првенствено метрополите во котлините како Скопје во Македонија и Сараево во БиХ, додава порталот. Се потсетува дека според истражувањата на програмата на ОН за животна средина, очајниот квалитет на воздухот е одговорен за 5.000 смртни случаи годишно во 19 големи балкански градови во кои е спроведено истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.