Еде 71-годишниот Германец ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана поради тоа што многу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание.

Како што соопшти германската полиција, тој прво испрскал група луѓе што џогирале, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен. Двата напада биле извршени без предупредување.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 до 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале за да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите дека треба да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на корона вирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на инфекција со корона вирусот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.