Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус, покажала студијата на германските научници.
Социолозите од Универзитетот во Констанца интервјуирале 700 луѓе, кои работат од дома, и од нив 56 отсто рекле дека во иднина сакаат барем делумно да продолжат да работат од дома.
Саканиот модел меѓу повеќето испитаници е урамнотежена комбинација од работа во канцеларија и работа од дома“ рекле авторите на студијата.
И додека 25 проценти од вработените рекле дека сакаат да работат од дома цело работно време, околу 42 проценти се изјасниле дека сакаат да дојдат во канцеларија два до трипати неделно.
Примерокот од испитаниците, како што напоменуваат авторите, е репрезентативен за германската работна популација по возраст и пол.
Сепак, многу од испитаниците рекле дека работата од далечина не може да го замени социјалниот аспект на заедничко работење и комуникација, 45 отсто тврдат дека за време на работата од дома биле поефективни. Но, многумина се чувствуваат изолирано.
Во просек, 20 проценти од испитаниците, се чувствувале осамени и социјално изолирани за време на работата од дома“ заклучиле германските научници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.