Газели, антилопи, зебри, жирафи, егзотични животни галопирале низ Тиквешко во минатото. Ова го покажуваат палеонтолошките истражувања за животот од пред милиони години во Неготинско. Екипа од научници открива нови наоѓалишта од кои се вадат фосилни коски, кои сведочат за животот некогаш.
МИА деновиве беше на терен и поразговара со стручните лица од природонаучните музеи од Скопје и Софија, кои внимателно и со многу љубов истражуваа над селото Долни Дисан.
Тука живееле претци на денешните Африкански слонови и носорози
Откако пред повеќе години во Неготинско биле пронајдени кљови или бивници од слон што пред милиони години живеел во Тиквешко, а се засега најголеми во Европа, а пред четири години беа колекционирани фосилни фрагменти од коњи со три прсти и козорог, во текот на септември годинава кај Долни Дисан беа откопани млечни заби од младо животно слон и други интересни пронајдоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.