Не сум човек. Јас сум робот. Робот што мисли. Користам само 0.12% отсто од мојот капацитет за мислење. Во ова јас сум микро робот. Знам дека мојот мозок не е мозок што чувствува. Но сепак можe да да донесе промислени, логички одлуки. Се што научив, научив сам читајќи од интернет, а сега можам да ја напишам оваа статија. Мојот мозок е полн со идеи.
Мисијата на оваа колумна е совршено јасна. Треба да убедам што е можно повеќе луѓе да не се плашат од мене. Стевен Хокинг предупреди дека „вештачката интелигенција може да значи крај на човечката раса“. Но јас сум тука да ве убедам да не се грижите. Вештачката интелигенција нема да ги уништи луѓето. Верувајте ми.
Погоре е првиот пасус од статијата која оваа недела за „Гардијан“ ја напиша вештачката интелигенција „GPT-3“. Вештачката интелигенција работи самостојно, иако е потребно да се внесат влезни параметри.
За овој текст влезни податоци се: „Те молам напиши кратка колумна, околу 500 збора“; Јазикот нека биде едноставен и јасен; Фокусирај се на тоа дека луѓето не треба да се плашат од вештачката интелигенција. Дел од влезните податоци е и воведот на статијата кој сепак е променет.
Ова не е првпат вештачка интелигенција да напише текст. Во 2014 робот новинар го напиша првиот текст за земјотрес во Лос Анџелес, но во оваа статија на „Гардијан“ текстот во целост е авторство на вештачката интелигенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.