Даниел Ѓукиќ, кој се заканува дека ќе се самоубие од утрово во 9 часот, со помош на солзавец кој му бил фрлен во станот е спасен , а екипата на Брзата помош влетала во зградата во која живее тој и го земала со себе, пишува Блиц,рс.
Ве сакам сите вас, Србите и сите малцинства и се чувствувам многу добро, извикал јутјуберот додека го носеле.
Инаку, станува збор за познатиот новосадски јутјубер Даниел Ѓукиќ кој има профил на Инстаграм и Тик Ток. Наводно снимал се што се случува а ја снимал и полицијата како тропа на неговата врата. Притоа вели да не стојат таму, нема да има оган.
Се започнало утрото кога на повик на неговата мајка полицијата дошла пред неговата зграда бидејќи жената пријавила дека нејзиниот син (36) се заканува дека ќе се убие себеси и секој што ќе му пријде.
Тој се забарикадирал во неговиот стан кој има блиндирана врата, па полицијата не може да влезе и да стави крај на тоа што се случува со часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.