Една 27-годишна Французинка е уапсена во Индија затоа што се сликала гола на мост кој се смета за свет и ја премостува реката Ганг.

Французинката, за која е објавено само дека се вика Мари-Елен, била приведена на 27 август во индиската држава Утаракханд. Полицаецот Р. К. Саклани за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис со продажба на накит.

Таа го снимаше видеото на мостот Лакшман Џула, што се смета за свет. После тоа, таа направи неморална фотографија во хотелот. Таа беше гола на фотографиите, а подоцна ги објави на Инстаграм – вели Саклани.

Полицијата добила извештај за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против неа.

Лакшман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.

Саклани вели дека на видеото жената прво носела шал, но подоцна го симнала и била целосно гола со грбот свртена кон камерата.

Мари-Елен во моментов е пуштена со кауција. Таа е обвинета за недолично однесување на јавно место и за објавување непристојни содржини.

Жал ми е што и наштетив на локалната заедница со своите постапки. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики – изјавила таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.