Учител во училиште, чие тело, лице и јазик е покриено со тетоважи и на кои белките на очите хируршки му се направени поцрни, изјавил дека бил спречен да предава во француска градинка, откако родител се пожалил дека го исплашил нивното дете, пишува Ројтерс.
Но, наставникот Силвен Хелејн, 35, сè уште учи деца од шестгодишна возраст и вели дека, по првичниот шок кога ќе го видат за прв пат, неговите ученици потоа се навикнуваат како тој изгледа.
Сите мои ученици и нивните родители беа секогаш кул со мене, бидејќи во основа ме познаваа, вели Хелејн, кој проценува дека поминал околу 460 часа под иглата за тетоважите.
Тој рече дека минатата година предавал во градинка во Основното училиште „Доктор Морер“ во Палесо, предградие на Париз, кога родителите на тригодишно дете се пожалиле до надлежните органи за образование. Изјавиле дека нивниот син, на кој Хелејн не му предавал, имал кошмари откако го видел.
Неколку месеци подоцна училишните власти го информирале дека повеќе нема да им предава на деца од градинка.
Мислам дека одлуката што ја донесоа беше многу тажна, вели Хелејн.
Портпаролот на локалниот орган за образование изјавил дека е постигнат договор со Хелејн да се оддалечи од наставата во градинка.
Учениците под шест години „може да бидат исплашени од неговиот изглед, рече портпаролот.
И покрај ова, Хелејн вели дека ќе остане на својата избрана кариера.
Јас сум наставник во основно училиште … си ја сакам мојата работа, вели тој.
Хелејн започнал да се тетовира на 27-годишна и оттогаш вели дека тоа е неговата страст“.
Се надева дека ќе им докаже на учениците дека треба да прифаќаат луѓе кои се различни од нормите.
Можеби кога ќе бидат возрасни, тие ќе бидат помалку расисти и помалку хомофобични и поотворени, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.