Француската министерка за труд, вработување и интеграција, Елизабет Борн, во петокот рече дека владата сè уште препорачува да се работи од дома во услови кога земјата бележи нов скок на инфекциите со Ковид-19.
Останува практиката која најмногу се препорачува. Навистина е одговорност на компанијата да ги разгледа алтернативите, изјави Борн за „Радио Суд“.
Во четвртокот, француските здравствени власти пријавија нови 10.593 случаи на коронавируси, што претставува најголемо дневно зголемување на инфекциите во земјата од почетокот на пандемијата.
Бројот на починати, исто така, се зголеми за 50 лица на 31.095, втор најголем дневен број на смртни случаи во последните два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.