„Форбс“ ја објави годишната листа на 100 најмоќни жени во светот, а првото место и припадна на Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос. Таа зад себе ги остави потпретседателката на САД, Камала Харис и Кристин Лагард, претседателката на Европската централна банка.
По трет пат во последните 18 години, германската канцеларка Ангела Меркел не е на врвот на листата на „Форбс“ за 100 најмоќни жени во светот. Оваа година таа чест отиде кај милијардерката и филантроп – Мекензи Скот.
Таа е трета најбогата жена во светот, но на прво место е нејзиниот пристап кон богатството и решеноста да го донира на начин што е значаен и револуционерен, што ја става над конкуренцијата, според „Форбс“.
Се обидуваме да го донираме богатството што го стекнавме благодарение на системот на кој му требаат промени, рече Скот ова лето.
Веднаш зад неа, на второто место е потпретседателката на САД, Камала Харис, која се искачи за едно место на листата, заменувајќи ја Кристина Лагард, претседателката на Европската централна банка, која сега е на третото место.
Во текстот за најмоќната жена на светот, колумнистката на „Форбс“, Меги Мекграт, пишува дека по разводот со Безос, Скот добила огромни средства, кои брзо почнала да ги распределува во хуманитарни цели.
До пред три години, Мекензи Скот беше писателка, сопруга и мајка на четири деца која основаше група против злоупотреба, а во 1990-тите му помогна на својот сопруг да го започне „Амазон“. Таа остана во сенка – но потоа се разведе од Џеф Безос, доби четвртина од акциите во „Амазон“ и речиси веднаш почна да планира како да го донира сето тоа.
„Имам непропорционална сума пари за донирање“, напиша таа во мај 2019 година, кога потпиша бракоразводна парница и вети дека ќе донира половина од своето богатство во добротворни цели, пишува Мекграт.
Не само што почна да го исполнува зборот, туку тоа го направи со рекордна брзина и со целосна контрола каде одат нејзините пари.
За нешто повеќе од две години, Скот, чие богатство се проценува на 57 милијарди долари, донираше 8,6 милијарди долари на 780 организации кои промовираат прашања како што се родовата еднаквост, расна еднаквост и јавно здравје. Сето ова го направила иако нема регистрирано ниту има постојан персонал кој ќе се грижи за тоа.
Наместо тоа, таа прави сè сама со нејзиниот сопруг Ден, истражувачи и советници во непрофитната консултантска фирма Bridgespan.
За споредба, фондацијата Гејтс, која има скоро 1.800 вработени, заработи 5,8 милијарди долари грантови во 2020 година. И Скот донираше нешто повеќе од 5,8 милијарди долари таа година. Дополнително, се води и од филозофијата на донирање „без ограничувања“, што значи дека секоја организација може да ги искористи средствата на кој било начин што смета дека е соодветен.
Имаше повеќе промени на овогодинешната листа на „Форбс“ на 100 најмоќни жени. Дури и кралицата Елизабета падна за 24 места и се наоѓа на 70-та позиција. На оваа листа, која се прави 18 години, се вклучени жени од 30 земји кои работат на полето на финансиите, технологијата, политиката, филантропијата, забавата и многу други области, а нив ги обединува чувството на општествена одговорност.
Затоа оваа година на листата на „Форбс“ се најде Френсис Хоген, поранешна вработена во Фејсбук, која немала намера да објавува многу информации за нејзиниот поранешен работодавец, но изјавила дека не може да стои на страна и да гледа како компанијата го става профитот над луѓето.
Таму е и Тејлор Свифт која повторно ги објави своите први албуми една деценија подоцна за да ги задржи авторските права и на тој начин да им покаже на другите уметници како да ја заштитат својата работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.