Фонтаните долж булеварот „Маршал Тито” во Струмица утрово осамнаа наполнети со пена.
Засега не се познати сторителите, а од ЈПКД „Комуналец” информираат дека во фонтаните е истурена поголема количина на средство кое создава пена.
Некои неодговорни граѓани најверојатно истуриле прашок за перење или некое друго средство во фонтаните долж булеварот „Маршал Тито”. Уште рано наутро наши екипи го забележаа овој вандализам и во текот на денот фонтаните ќе бидат измиени и исчистени, рече Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец”.
Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека за овој вандализам е запозната и полицијата.
фото: ТВ канал ВИС – Струмица, Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.