Германскиот производител Фолксваген ќе мора да плати казна во висина од милијарди рупии (повеќе од 12 милиони евра) во Индија. Паричната санкција ќе мора да ја платат поради инсталирање на софтвер во возилата за прикривање на реалната емисија на штетни гасови.

Таквата одлука е донесена и покрај жалбата на компанијата пред индискиот врховен суд на пресудата на Националниот суд за екологија, пренесуваат медиумите.

Фолксваген во 2016 година ја призна вината по кривичните пријави во САД, прифаќајќи да исплати 2.46 милијарди евра оштета поради измамата на тестот на дизел моторите. Компанијата тогаш договори откуп на еден број возила, поправка на друг, плаќање на казната за еколошката штета и плаќање на оштета по основа на колективните обвиненија во износ поголем од 26 милијарди евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.