Иконата на боречките вештини, Брус Ли, освен актер и кунг-фу мајстор бил и многу начитан човек. Во асвојата лична библиотека имал околу 2.500 книгимеѓу кои и филозофски дела од автори како Томас Аквинас, Дејвид Хјум и Рене Декарт.

Брус Ли заврши курс по западна филозофија и курс по кинеска филозофија додека беше студент на Универзитетот во Вашингтон и ова му даде методологија да го примени критичкото размислување во боречките вештини – пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“.

Неговата ќерка Шенон, која е и претседател на фондацијата „Брус Ли“ ја напиша книгата „Биди вода, мој пријателу: Поуките на Брус Ли“, во која има делови од рачно напишани текстови на Ли, главно афоризми и опсервации, и која ги проширува неговите размислувања во водич за самопомош за модерно живеење.

Како што пишува „Саут Чајна морнинг пост“, еден од најдобрите делови во книгата на Шенон е кога таа детално ја опишува борбата што го навела Ли да сфати дека традиционалниот пристап не го подготвува борецот да се справи со реалната ситуација. Таа опишува како Ли и неговиот противник се согласиле да не се придржуваат кон традиционалните правила, но тој не бил подготвен за начинот на кој се развивала борбата.

Како што истакнува книгата, идеите на Ли потекнуваат од традиционални извори. Таоизмот, кој го нагласува протокот, преточен во флуидност за вежбање боречки вештини, и Зен будизмот, кој во термините на боречки вештини се користи за да се нагласи реагирање во моментот, наместо да се следи однапред дефиниран план за борба. Тоа се клучни идеи на Брус Ли – пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.