Министерот за здравство Венко Филипче ќе му биде гостин на Жаре, во новата „Еден на еден“, во недела од 18.30 на Канал 5.

Филипче меѓу многуте лични и професионални приказни, раскажа за тоа како изгледа еден негов обичен ден.

Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен, му рече тој на Жаре.

Филипче раскажа за своите прогнози и даде анализа за понатамошното справување со вирусот Ковид-19, кој спорт и кои филмови му се омилени, и за тоа и каква музика слушал во операциона сала.

Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот во тимот, рече министерот.

По овој одговор, Жаре се пошегува:

Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната „Бајпас“ е веројатно добра за операција.

Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата, и видеото од приказната со музиката која се слуша за време на операција:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.