Познатиот спортски новинар Игор Филевски Филе, кој неколку години живее во Малта, за Студио 10 на ТВ 24 раскажа какво е неговото искуство со коронавирусот и со вакцинацијата во таа мала држава која има околу 470.000 граѓани население.
Во моментов вели, се комплетно е во локдаун.
Рестораните не работат, хотелите се затворени, освен продавниците за храна. Вчера првпат по шест недели имаше 90 новозаразени, а пред затворањето имаше по 500, 300, 400 нови. Нема многу починати, нешто над триста откако постои короната. Ваков локдаун е ок кога има масовно вакцинирање, а во Малта досега се вакцинирани околу 150.000 луѓе – објаснува Филевски.
Тој вели дека на Малта како граѓанин вакцинацијата можеш да ја одложиш, но не можеш да ја одбиеш.
Ваков локдаун е функционален и се смета дека летово Малта ќе биде слободна зона. Дури 3.000 евра е казна ако го напуштиме домот и тоа важи за оние што се без симптоми, но имаат налог за изолација. Доколку си заразен и го напуштиш домот, казната е 10.000 евра. Ако случајно се докаже дека си го напуштил домот заразен и си заразил друго лице, казната е и до 9 години затвор. Казните се многу ригорозни – изјави Филевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.