Меѓународната манифестацијата „Органска трпеза“ ќе биде отворена во спортско-рекреативниот комплекс во Куманово. Организатор е Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „Живот“ од Куманово.
На оваа манифестација, трета по ред, покрај учесници од земјава, ќе има претставници и од Србија, Бугарија и Албанија. Ќе учествуваат околу 100 излагачи – производители на органска и традиционална храна и производи.
Како што соопшти организаторот, целта на оваа манифестација е вмрежување и поврзување на традициите, но и согледување на предизвиците со кои се соочуваат производителите од државата, регионот и пошироко, како и нивно надминување.
Здружението „Живот“ ќе биде иницијатор за поврзување и потпишување Меморандуми за соработка меѓу повеќе чинители од регионот.
На манифестацијата ќе учествуваат и експерти за рурален и земјоделски развој, претставници од секторот за развој на руралниот туризам, кои ќе ја презентираат моменталната состојба на теренот, ќе покренат дискусија и ќе дадат препораки за понатамошни мерки и чекори за подобрување на животот во руралните средини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.