Компанијата “Facebook” соопштила дека од својата социјална мрежа ќе ги отстрани лажните тврдења за вакцината против коронавирусот, откако нешто слично во врска со мрежата “Youtube” направила и компанијата “Alphabet” во октомври.
Од компанијата истакнуваат дека ќе се отстрануваат дезинформации за коронавирусот кои претставуваат ризик од непосредна штета, со означување и намалување на дистрибуцијата на останатите лажни тврдења.
“Facebook” соопштил дека промената на политиката уследила како одговор на веста дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат во употреба ширум светот. Фармацевтските компании “Pfizer” и “Moderna” побарале од САД вонредно одобрение за употреба на вакцината.
Велика Британија вчера одобрила користење на вакцината на компанијата “Pfizer”.
Дезинформациите за коронавирусот се прошириле на социјалните мрежи во текот на пандемијата, вклучувајќи и објави против вакцините на разни платформи и од профили на различни идеолошки групи.
“Facebook” соопштил дека ќе ги отстрани теориите на заговори во врска со вакцината против Ковид-19, како што се тврдењата дека безбедноста на вакцината е тестирана на луѓе без нивно одобрение и други дезинформации.
Тоа би можело да опфати лажни тврдења а безбедноста, ефикасноста, состојките или нуспојавите поврзани со вакцината. На пример, ќе ги отстраниме тврдењата за тоа дека вакцината содржи микрочип”, истакнуваат од Фејсбук.
Компанијата не прецизирала кога ќе почне со спроведување на новите политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.