По помалку од пет години изградба, во Пекинг се отвора „Меѓународен аеродром Пекинг Даксинг“, најголемиот аеродром во светот. На површина од околу 47 квадратни километри, со четири писти и 268 места за паркирање на авиони, изградбата на новото транспортно средиште чинеше 80 милијарди јуани (11,3 милијарди долари), а има спектакуларен објект во форма на морска ѕвезда и ќе биде најголемo во светот.
Новиот аеродром, кој се наоѓа на 46 километри јужно од плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, се очекува да прима до 45 милиони патници годишно до 2021 година, а 72 милиона до 2025 година.
Сепак, постојат уште поамбициозни планови за негово проширување, бидејќи се очекува капацитетот да се зголеми на 100 милиони патници до 2040 година.
Иако станува збор за најголемиот аеродром во светот, истиот е дизајниран на таков начин што ниту еден патник нема да мора да оди повеќе од осум минути за да стигне до некој терминал.
Аеродромот е дизајниран од британско-ирачкиот архитект Заха Хадид.
Аеродромот исто така ќе има и брза железница со експресни возови со цел патниците од аеродромот до центарот на градот да стигнат за помалку од 20 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.