За многумина фанови ширум светот, ликот на Чендлер од „Пријатели”, улога која ја толкуваше Метју Пери, беше една од омилените во ултра-популарната серија. Поминаа многу години од емитувањето на Пријатели, а актерот драстично се промени.
Неговата трансформација не е само резултат на поминати години, што е сосема нормално, но кај него промената се должи на многу турбулентен живот зачинет со наркотици и алкохол.
Пери иако избегнува да се појавува пред камерите и папараците, месецов бил „уловен“ на улица во Њујорк, а откако фотографиите од него беа објавени во таблоидите, неговите и фановите на серијата коментираат дека никогаш не изгледал полошо. Со неурена коса и тренерки, актерот се појавил во придружба на негова соработнички и повторно ги засилил гласините дека им се вратил на проблемите со зависностите кои ги имаше во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.