Додека топлотниот бран беснее во Европа, Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час, а полека се движи источно од земјата. Метеоролозите ги советуваа граѓаните да останат во домовите и да се држат настрана од речните и морските патеки.

 

 

Поради силните ветришта воздушниот сообраќај беше запрен и неколку летови беа откажани на аеродромот во Сиднеј. На патиштатата поради намалената видливост и лизгавиот коловоз се случија повеќе сообраќајни несреќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.