Дежурната екипа на Одделението за гинекологија и акушерство ЈЗУ Клиничка Болница-Битола во 00.05 часот го донесе на свет првото женско бебе за 2020 година. Евгенија се роди со 3530 грама и 50 см.
Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме првото женско бебе Евгенија, која донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството, да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите, истакна градоначалничката Наташа Петровска и на мајката Анита и додели ваучер во вредност од 20.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.