Виолета Скоробаќ Ашанин, сопственичка на клиника за естетска хирургија и еден од најдобрите пластични хирурзи во Србија, беше пронајдена вчера со рани од нож во својот луксузен стан на Врачар, а според досегашните наводи докторката извршила самоубиство.

Нејзината последна објава на Фејсбук ја прави нејзината одлука да се самоубие уште почудна.

Треба да се сетиме дека не сме единствени кои се нашле во непремостлива неволја. Токму како што змејот се спротиставува на ветровите и нас неволјите може да не зајакнат. И како илјада луѓе пред нас се соочиле со истата судбина и преживеале, така можеме и ние. Д-р Браш – и тоа ќе помине, напишала таа на својот Фејсбук профи.

Овој статус го објавила пред вонредната состојба поради коронавирусот во Србија, на 8. април.

Телото на докторката го пронашле сопругот и нејзиниот син. Бидејќи предолго се задржала во купатило и, тие ја скршиле вратата и затекнале морничава глетка. Итната помош 45 минути се обидувала да ја реанимира 50-годишната жена, но без успех.

Покрај телото бил пронајден нож. На градите на жената, во висина на срцето биле видливи две убодни рани. Полицијата извршила увид на лице место, а телото било однесено на обдукција.

Виолета била член на повеќе здруженија и асоцијации, како во Србија, така и ширум светот. По специјализацијата знаењето го усовршувала на реномирани клиники во Америка, Грција, Русија, Италија и во Бразил. Учествувала на бројни европски и светски конгреси и е автор на преку 40 научни труда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.