Поранешна ескорт дама која работела за високата класа вели дека оваа професија ја довела во контакт со мажи од сите сфери на животот, па вели дека знае зошто мажите изневеруваат.

Шест години работела како ескорт дама под името Саманта X. Тврди дека мажите кои одлучуваат да изневерат ќе најдат време за тоа без разлика колку им е преполн распоредот, вели таа за „Мирор“.

Саманта вели дека без разлика на тоа колку нечиј брак изгледа како силен и совршен семеен живот, мажите сè уште може да скршнат од патот. Таа вели дека ескорт индустријата никогаш не доживеала криза.

Според нејзиното искуство со оженети мажи, нивните причини за неверство спаѓаат во три категории.

Прва категорија се мажите кои имаат нулта блискост со сопругата, понекогаш и со години. Се чувствуваат како „кредитни картички кои одат“, но одбиваат да се разведат бидејќи не сакаат да ги изгубат парите или да ги повредат децата.

Потоа следуваат оние кои велат дека си ја сакаат жената, но признаваат дека сакаат да пробаат и нешто друго бидејќи сакаат нешто поразлично.

Третата категорија е најсложена, тоа се мажи кои се среќни во бракот и кои на прв погледа немаат никаква причина за неверство. Саманта вели дека таквите мажи се одлучуваат за средби со сексуални работнички бидејќи не сакаат да се впуштат во афера која би им донела проблеми. Се трудат да не ги фатат на дело бидејќи не сакаат да си го уништат бракот или да ја повредат партнерката.

Исто така, Саманта истакнува дека најверојатно нивните сопруги знаат за неверствата, но затвораат очи пред вистината бидејќи не сакаат да се соочат со нов почеток во животот.

Не е моја работа да осудувам. Ако нешто научив од мојата улога како Саманта тоа е дека светот не е совршен, ние не сме совршени луѓе и сите се трудат да бидат најдобри што можат. Отпрвин ми беше тешко да сфатам зошто среќно оженетите мажи бараат интимни средби на друго место. Но, ве уверувам дека и жените изневеруваат, јас имав многу клиенти кои дојдоа бидејќи беа уништени од неверството на нивните жени – вели Саманта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.