Меган Маркл и принцот Хари ја известија јавноста дека нивното бебе ќе се роди во тајност, а дека веста за тоа ќе ја споделат дури кога ќе прослават во кругот на семејството.

Принцезата Дајана го немала тој „луксуз“.

Имено мајката на принцовите, покојната Дајана раскажала за маките низ кои минала на денот на породувањето.

Најџел Которн, автор на книгата „Викајте ме Дајана“, напишал дека принцезата Дајана му раскажала за пеколот низ кој минала кога излегла пред светот и фотографите и го покажала Вилијам, неколку часа по породувањето.

Едвај можев да одам кога излегов од болницата. Ме убиваа шевовите и едвај успеав да ставам нога пред нога – рекла Дајана.

Таа додала дека и било многу напорно да стои и да се смешка тие неколку минути.

Почнав да плачам штом автомобилот се одалечи од фотографите – раскажала принцезата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.