За многу обувки производителите велат дека се отпорни на вода, но не секогаш е така при поинтензивен дожд или случајно газење во некој вир. Сепак има една едноставна постапка со која може да стане отпорна на навлажување, дури и ако такво нешто не е наведено во декларацијата.
Скоро секоја обувка ќе стане отпорна на вода и стопен снег ако ставите пчелин восок, но ако го немате, ќе ви служи и обична свеќа.
Тријте ги чевлите со свеќа така што на нив да остане бел слој. Потоа стопете го со фен за коса вклучен на највисока температура.
Почекајте неколку минути и чевлите ќе бидат подготвени за одење по дожд или снег.
Восокот треба да ги заштити кожните чевли од вода, оние од антилоп, но и тие од платно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.