Пред една година почина легендарниот музичар Оливер Драгојевиќ и по овој повод ќе се организира концерт во неговата родна Вела Лука, насловен како „Траг у бескрају“.

Манифестацијата ќе ги обедини колегите и пријателите на Оливер. Џибони, Никша Бартош, Зорица Конџа се само дел од оние што ќе настапат.

Меѓу присутните ќе биде и семејството на пејачот. Неговата сопруга Весна, која ретко дава интервјуа и се појавува во јавноста, за весникот „Слободна Далмација“ изјави дека и после година дена, емоциите се сè уште силни.

Тешко ми е, сè ме потсеќа на него… На овој ден попрво би се завлекла во глувчешка дупка. Но, не можам да го избегнам, луѓето го доживуваат како свој, а и беше колку што беше и наш, вели Весна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.