Полицијата уште ја истражува мистериозната смрт на 20-годишниот Гојко Грозданиќ од Пригревице, кој беше пронајден мртов на локалниот пат во неделата утрината.
Земени се изјави од пријателите на Гојко, а се контролираат и возила кои имаат евентуални оштетувања од удар во тело на момче. Во меѓувреме се појави и последната фотографија од Гојко пред трагедијата, додека се забавува соп тројцата неразделни другари во клубот „Тајм“ каде таа вечер настапувал познат пејач.
Мене последен пат ми се јави во саботата, во 20 часот вечерта и рече дека ќе оди во ноќен клуб на концерт со другарите. Се договоривме да дојде кај мене во Таково од понеделник со брат му Страхиња, а после тоа требаше да одиме заедно да работиме во Словачка, бидејќи овде не можеше да најде работа – раскажала мајката на Гојко, Ирена Цигер.
Неговите другари на социјалните мрежи се збогуваат од својот пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.