Актерот Даниел де Ким, најпознат по улога во серијата „Изгубени“, објави дека е излечен од коронавирус, 10 дена по објавата дека е позитивен на Ковид 19.
Актерот се огласи преку Инстаграм, каде ја објави убавата вест и со своите обожаватели го сподели своето искуство со оваа опасна болест која го зафати целиот свет.
Добрата вест е што веќе немам коронавирус. Оваа болест е поинаква од сите други. Ниту минатата недела не беше наивна. Откако завршив со лекување, се чувствував подобро и поздраво, мислев дека сега мојот имунитет ќе ја заврши работата, но се чини дека бев премногу самоуверен. Престанав да пијам лекови и кога тоа го направив, се чувствував многу слабо и уморно. Наеднаш ги загубив сетилата за мирис и вкус“, вели Даниел во видеото кое го објави на Инстаграм.
Иако по една недела не закрепнал целосно, тој повеќе немал симптоми како на почетокот, ниту пак грозница.
Повеќе не ме фаќаше грозница, но и натаму се чувствував доста лошо. Докторот ми објасни дека тоа се симптоми предизвикани од нешто што се вика поствирусно воспаление, но слушав дека кај некои луѓе може да трае со недели“, објасни актерот, кој за среќа, се ослободи од овие симптоми и сега е потполно здрав.
Ви благодарам на убавите желби во текот на ова непријатно искуство. Се надевам дека овие информации им се од корист на сите кои им се потребни. Да продолжиме да шириме љубов и да се молиме за сите погодени од оваа болест“, порача актерот во коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.