Најдобриот млад африкански фудбалер за 2018-та година, репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими ја шокираше јавноста со признанието дека е во врска со 12 години повозрасната актерка Хиба Абук.
Дефанзивецот кој настапува за Борусија Дортмунд поселдните денови е мета на критики поради љубовната врска со убавата актерка која ужива голема популарност во Шпанија.
Хакими е еден од најталетираните фудбалери на Мароко за чија репрезентација настапува. На само 18 години веќе стигна да се запише во листата на стрелците за националниот тим, а минатата година на Мундијалот ги одигра сите три натпревари. Како Ашраф и Хиба е родена во Мадрид, но исто така корените ѝ се од Африка и има туниско-либиско потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.