Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон во вторникот порача дека зајакнувањето на приватниот сектор во Велика Британија треба да биде еден од приоритетите во работењето за да се донесе економијата на земјата каде што беше пред пандемијата со корона вирусот.
Говорејќи на конференцијата за конзервативците, Џонсон истакна дека, иако државните мерки се покажаа клучни во менаџирањето низ кризата приватниот сектор е тој што секогаш ќе биде клучен двигател на растот, додавајќи дека овозможувањето на бизнисите да работат среде пандемијата треба да биде прв на списокот проблеми на британската влада.
Имам порака до секој што мисли дека сè може да плати „чичко шеќер“, даночниот обврзник. Не е државата таа што произведува нови лекови или терапии што сега ги користиме. Не беше државата таа што ги направи маските и вентилаторите што ни беа потребни за толку кратко време. Тоа беше приватниот сектор, заклучи Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.