Џон Мекафи, еден од хероите на дигиталната ера, креаторот на „ antivirus McAfee “, беше пронајден мртов во ќелија во Барселона. Неколку часа порано, шпанскиот национален суд донесе одлука за негово екстрадирање во САД поради судење за затајување данок.

Шпанското министерство за правосудство објави во кратка изјава дека сè укажува на тоа дека станува збор за самоубиство. Неговиот адвокат кажа за Ројтерс дека најверојатно се обесил. Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.

Веста за наоѓањето на телото стигна само неколку часа откако Шпанија одобри негова екстрадиција во САД, каде му се закануваа 30 години затвор за затајување данок. Уапсен беше минатата година во Шпанија и од тогаш беше во затворот во Барселона.

Мекафи беше уапсен ден откако американското јавно обвинителство објави дека е поднесено обвинување против него бидејќи не пријавил милиони долари приход од промоцијата на криптовалути, консултантски услуги, конференции и правата за снимање документарен филм за неговиот живот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.