Веста дека 31-годишниот Тревис Кауфман од Колорадо со голи раце ја убил пумата која го нападнал ја пренесоа многу светски медиуми. Аутопсијата на животното покажала како му успеало тоа.
Пумата која го нападнала џогерот бил стар 3-4 месеци, а имала само десетина килограми, пренесува Инсајдер. За споредба, возрасен мажјак од овој вид тежи меѓу 50 и 100 кг.
Чуварите на планиснкиот парк во кој се случил инцидентот процениле дека не се работи за возрасен мажјак, но бидејќи до нивното доаѓање трупот на животното веќе бил доста изеден од други месојадци, не можеле да утврдат точни димензии и возраст. Ветеринарите утврдиле дека не се работи за доенче, а како причина за напад на човекот навеле дека веројатно пумата била напуштена и изгладнета.
Пумите обично напаѓаат четириножни животни, многу ретко нивни плен е човек, вели ветеринарот Мајк Порас за Денвер пост.
Ги кренав рацете и почнав да викам. Ме зграби за зглоб, зашто се обидував да го заштитам лицето. Цело време врескав. Се обидов да ја отфрлам од себе, па почнавме да се бориме. Цело време ми ја држеше раката. Успеав да ја притиснам со едната нога. Се плашев дека со канџите ќе ми го растргне стомакот или препоните. Со рацете грабав гранки околу нас и се обидов да ѝ забијан една во вратот, но гранките пукаа. Успеав да ја удрам со камен. Некако успав со нозете да ѝ го притиснам вратот и не ја пуштав ододека не умре, опишал Кауфман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.