Кралицата Елизабета во април го прослави 95-от роденден, а сега е откриен коктелот кој таа наводно секојдневно го консумира.
По разните диети, нејзините менија и совети за долговечност, магазинот „People“ конечно откри кој е ‘вистинскиот таен пијалок’ кој Пол Вјбрев го подготвува за кралицата.
Од претходно е познато дека џинот ѝ е еден од најдрагите алкохолни пијалоци, а коктелот, кој наводно секојдневно го консумира, се прави со џин.
Имено, станува збор за комбинација од џин и слатко ароматизирано вино.
За една чаша од коктелот потреби се 50мл. вино и 25мл. џин. Во шејќер за коктел се додава алкохолот и неколку коцки мраз. Потоа добро се меша, додека течностите не се соединат во целост. За крај, во чаша од мартини, во која се служи овој пијалок, се додава парче лимон, а пијалокот се служи ладен, опишал Пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.