Актерот Џејсон Момоа ја избричи брада, во обид за кревање на свеста за загадувањето на океаните. Ова е првпат актерот да ја скрати брадата која ја негува од 2012 година, пренесува „Форбс“.
Момоа, кој се прослави со улогата на Кал Дрого во „Игра на тронови“ реши да го сними чинот со цел да ја подигне свеста за загадувањето на океаните. Тој препорачува да не се употребуваат пластичните шишиња, односно да се користат алуминиумски шишиња како замена.
Ова беше соодветен гест од актерот кој го толкуваше заштитникот на морињата, Аквамен, во истоимениот филм. Пластичните острови кои пловат на површината на водите не се фиктивни, туку сурова и тажна реалност.
Го правам ова со цел да се подигне свеста на луѓето. Пластиката ја убива нашата планета, но постои решение за тој проблем. Вие можете да помогнете, сѐ додека се рециклира. Решението е алуминиум. Околу 75 проценти од алуминиумот кој е користен во минатото сѐ уште се употребува и целосно може да се рециклира. Лименката од која пиете денес за 60 дена повторно е употреблива – изјавил Момоа.
Бричењето на седумгодишната брада означува почеток на нова страница во животот на Момоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.