Познатите актери – двојници на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и на претседателот на САД, Доналд Трамп, се веќе во јапонскиот град Осака, каде што на 28 и 29 јуни ќе се одржи самитот на Г-20, соопшти во Тwitter Хауард Екс, кој ја игра улогата на лидерот на Северна Кореја, објави ТАСС.

Двојниците на двајцата државни лидери, кои станаа во последниве години светски познати, се шетаат низ Осака, се сликаат со минувачите и дури јадат во стил брудершафт традиционалното јадење такојаки.

Во разговорите со новинарите, тие двајцата забележаа дека неодамна размениле убави и топли писма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.