Една обожавателка на американскиот глумец Двејн Џонсон го прослави 101. роденден, а по тој повод, од актерот доби две шишиња текила како подарок.

Џонсон на почетокот на оваа година го лансираше својот текила-бренд, а Мери Гловер овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадување од ѕвездата, заедно со пишана честитка за роденден.

Таа е апсолутно воодушевена од подарокот, а „Карпата“ на интернет сподели и слика од среќната старица како позира со шишињата славејќи го роденденот.

Притоа, тој ѝ посака уште многу здравје и со лесно да го испие пијалакот.

Ова не е прва епизода во односот на актерот и неховата обожавателка.

Во 2019 кога таа го прослави 100. роденден, Џонсон и испрати видео со роденденска честитка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.