Двегодишнотo девојче, кое во мај беше погодено од бејзбол топче во главата, ќе остане со трајни оштетувања на мозокот и до крајот на животот ќе треба да пие лекови, изјави вчера семејниот адвокат Ричард Митоф.
Несреќното дете оттогаш доживеалo неколку напади, а Митоф објасни дека фрактурата на черепот предизвикала сериозно оштетување на централниот дел на мозокот, бидејќи силината на ударот од топчето предизвикала ситуација слична на мозочен удар. Девојчето исто така страда од чести главоболки, кошмари и има моменти кога таа не реагира целосно на надворешни стимули.
За потсетување, девојчето беше случајно погодено од топчето на Алберт Алмора Џуниор кое влета во публиката за време дуелот меѓу Хјустон Астрос и Чикаго Кубс. Играчот веднаш виде што се случи и почна да плаче од шок.
Американските медиуми дознаа дека тој и денес е во постојан контакт со семејството на девојчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.