Три недели пред нејзиниот трет роденден, Ели Брчхол од англискиот град Виган почина откако во хотел со четири ѕвездички во Анталија, Турција, се заразила со бактеријата ешерихија коли.
Како што сведочи нејзината мајка за тамошните медиуми, хотелот бил одвратен. Семејството за време на тие десет дена одмор се заразило и со стомачнен вируси. Но, само состојбата на девојчето се влошила, па таа била пренесена во болница веднаш штом се вратиле во Велика Британија.
Таму било утврдено дека Ели се заразила со Шига токсин, кој се развил од ешерихија коли, што подоцна довело до развивање на смртоносен ХУС синдром, кој влијае врз крвта и крвните садови, така што ги уништува тромбоцититие и може да доведе до оштетување на мозокот и откажување на бубрезите.
Девојчето на 1 август било ставено во индуцирана кома од која никогаш не се пробудила. Откако скенерот открил дека претрпела сериозни оштетувања на мозокот, девет дена подоцна нејзините родители одлучиле да ја исклучат од апаратите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.