Двегодишното дете Кенет Хауард од Кентаки било пронајдено по тридневна потрага по него, откако тоа излегло од својот дом.
Детето било гладно и дехидрирано, а спасувачите го пронашле откако го слушнале како плаче во шумата која ја пребарувале цели три дена. Подрајчето е познато како живеалиште на многу мечки и којоти, па затоа е вистинско чудо што малечкиот Хауард воопшто преживеал.
Полицијата објавила дека е во „исклучително добра состојба”, со оглед на условите во кои детето живеело три дена.
Интензивната потрага која вклучувала хеликоптери, дронови и кучиња трагачи, започнала во неделата навечер кога Кенет исчезнал од својот дом околу 19:30 часот. Детето било во дворот со својот татко, а во еден момент отишло зад куќата.
„Кога отидовме по него, не беше таму. Едноставно исчезна, како во ноќна мора”, изјавил член на семејството за „Mirror”.
Родителите нуделе и награда од 5000 долари за информација за детето. На крајот, тоа било пронајдено на 600 метри од домот, босо и дехидрирано. Откако спасувачите му дале вода, Кенет веднаш ги побарал неговите родители.
Властите објавиле дека го истражуваат случајот како детето исчезнало, а никој не може да поверува дека преживеало во такви услови:
„Ова дете е вистинско планинско дете од Кентаки”, изјавил еден од спасувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.