Ноќта во средата кон четвртокот дојде до трагедија во Австрија во која смртно настрада двегодишно дете. Уште не е јасно како дошло до тоа.
Како што јавија локлните медиуми, во местото Вордервејсербах момчето наводно излегло од дома и на студеното, се смрзнало. Според еден локален медиум, родителите биле на гости кај соседи, а со себе имале бејби-монитор за да внимаваат на својот син. Но, момчето некако ја напуштило куќата, а родителите тоа го сфатиле околу 5 часот утрото.
Мајката се јавила во полиција кога забележала дека детето го нема во креветчето. Но, пред да дојде полицијата, мајката го нашла синчето во пижами, надвор, но не давало знаци на живот. Било во близина на гаражата кај соседите. Итната помош не успеала да го реанимира.
Температурите во текот на ноќта паднале 10 степени под нулата.
Истрагат е во тек, а родителите може да бидат обвинети за убиство од немарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.