Дваесет и петгодишната Халима Кисе од Мали им приреди огромно изненадување на докторите кога вчера на свет донесе девет новороденчиња, две повеќе отколку што биле прикажани на прегледите со ултразвук. Породувањето поминало во добар ред, со царски рез, и засега и мајката и бебињата се во добра состојба. Се родија пет девојчиња и четири машки деца.
Младата мајка се породи во специјална болница во Мароко, каде што беше испратена по наредба на привремениот премиер на Мали, Бах Ндау, откако во март нејзините доктори посочиле дека ќе ѝ биде потребна посебна нега и лекари специјалисти. Покрај неа последните месеци бил и нејзиниот гинеколог од Мали, кој за Министерството за здравство известил дека Кисе е во добра состојба и за неколку недели заедно со нејзините деца ќе може да се врати дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.