Две домашни кучиња смртно искасаа четиригодишно дете во градот Сента, на северот на Србија. Трагедијата се случила само еден ден по неговиот роденден.
Според изјавата на мајката, Мартина Б., таа му кажала на момчето да ја затвори капијата, кога двата ротвајлери, кои биле затворени во боксови, се вознемириле, излегле од затворените живеалишта и го нападнале детето. Мајката се обидела да го заштити, но и таа била искасана од разјарените кучиња, велат извори од истрагата, пренесоа српските медиуми.
Настанот се случил кога во куќата дошол доставувач на пица, што мајката на детето ја нарачала за да го чести по повод роденденот. Сè уште не се познати сите околности на трагедијата.
Мајката повикала брза помош, детето било пренесено во болница, но набргу починало од тешките повреди. По трагедијата крволочните кучиња, мажјак и женка, се успани, како и трето куче, доберман, кој не учествувало во нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.