Две жени замрзнаа на Алпите на над 4.000 метри надморска височина, во близина на границата меѓу Италија и Швајцарија, соопштија денеска спасувачите од регионот Аоста, во северозападна Италија.

Мажот, кој бил со повредените жени, вчеравечер бил пренесен во швајцарска, со хипотермија и смрзнатини.

Тројцата се качувале на планинскиот масив Монте Роса на Пенинските Алпи, чиј највисок врв е Дуфурспице, на повеќе од 4.630 метри надморска височина.

Спасувачките служби наведуваат дека жените се воделе како исчезнати лица. Пронајдени биле на италијанската страна на Винсентската пирамида, малку понискиот врв, и однесени во една колиба. Но, екстремните временски услови и силниот ветер ја отежнувал операцијата за нивно спасување. Хеликоптерот можел да слета само кога ќе падне ноќта.

Спасувачките екипи безуспешно се обиделе да ги оживеат двете жени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.