Докторот Едуард Жигар (25) од Литванија си го одзел животот во болницата Квин Елизабет во Бирмингем и тоа една недела откако почнал таму да работи.
Докторот живеел во местото Волверхемптон и добил работно место во болницата на замена на хируршкиот оддел за гастроентерологија. Последен пат бил виден на надзорните камери цели два дена пред да биде најден.
Колегите забележале дека е тивок и повлечен , но не можеле да кажат ништо лошо за него , бидејќи работел само пет дена на нивниот оддел. Кога во саботата не се појавил на работа , мислеле дека има грешка во распоредот на смените. Родителите се вознемириле , бидејќи не се јавувал и го побарале во болницата.
Од таму , поради грешка при запишувањето на името им рекле дека таков доктор не работи кај нив. Дури по два дена неговото тело случајно било најдено во оставата на клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.