Безбедносните камери на аеродромот во Рим пред неколку месеци забележаа кражба, за која ретко кој ќе претпостави дека може да се случи среде безбедносната проверка на патниците.
Италијанската полиција објави снимка од аеродромот Фиумичино, на која се гледа како човек во маичка во пластичната кутија на подвижната лента спушта два коверти со вкупно 8.000 евра, кои уредно ги пријавил. Во тој момент, додека чека да ја помине безбедносната контрола, зад него се појавува нов патник, човек во бела кошула, кој го заобиколува. Откако ја поминува контролата пред жртвата, мирно ги зема ковертите со пари и продолжува да се движи.
Откако сопственикот на парите кренал узбуна и почнал да ги бара парите со помош на обезбедувањето, крадецот направил навидум паметен потег, ги скрил во тоалетот, чекајќи до последен момент пред тргнување за да ги земе и да полета.
Сепак, полицијата успеала да го уапси пред да влезе во авионот за Русија, додека парите, кои на ограбениот човек му биле потребни за лекување, му се вратени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.