Пред неколку дена принцот Хари на официјалниот профил на војводата и војвотката од Сасекс објави фотографии од саари кои се толку впечатливи што многумина помислиле дека Хари е фотомајстор.

Она што не се гледа на фотографиите, пишува Дејли меил, е дека носорогот, слонот и лавот од неговите фотки биле издрогирани за да бидат мирни, а некои и врзани.

Ако се суди само по фотографиите, Хари би испаднал многу храбар со оглед на тоа дека се сликани одблизу, но британскиот таблоид пишува дека животните биле зашеметени пред да им се доближи принцот со фотоапаратот, а од оригиналната фотографија што ја објавува Дејли меил се гледа дека слонот бил врзан.

Во статусите објавени со тие фотографии Хари пишува за важноста за зачувување на Земјата и природата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.